Марија Кери го објави новиот спот за нејзината најпозната божиќна песна „All I Want for Christmas Is You“. Оваа песна е објавена далечната 1994 година, но секоја година за време на празниците се пушта на радио станиците.

Пејачката сега објави ново видео на YouTube, прикажувајќи делови од нејзината турнеја „Merry Christmas One and All“, која започна на 15 ноември 2023 година во Калифорнија.

Во еден момент од видеото пејачката става лента на која пишува Кралица на Божиќ. За време на еден од многуте концерти, на сцената и се придружија 12-годишните близнаци Марокан и Монро, кои ги имаше со нејзиниот поранешен сопруг Ник Кенон. Видеото има повеќе од 170 илјади прегледи за помалку од еден ден. Бренда ги симна од тронот Билборд топ листите.

Инаку, видеото беше објавено само два дена откако Билборд објави дека овој декември, за прв пат по неколку години, Мараја не е број еден на нивната топ листа Хот 100. 78-годишната Бренда Ли го презеде тронот со песната „Rockin’ Around The Christmas Tree“ од 1958 година. Мараја е на второто место.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *