Само еден ден по завршувањето на квалификациите за Европското првенство, ЕХФ ги објави квалитативните садови пред жрепката за првата фаза од континенталниот шампионат што следната година ќе се одржи во Германија.Македонската репрезентација која во овој циклус го освои второто место во групата сместена е во третиот сад заедно со селекциите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Полска, Чешка и Србија.Репрезентациите ќе бидат поделени во шест групи по четири, а учеството во продолжението од шампионатот го продолжуваат освојувачите на првите две места.Жрепката ќе се одржи на 10 мај во Диселдорф.Европското првенство ќе се игра во периодот од 10 до 28 јануари.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *