Ривалитетот помеѓу Партизан и Црвена Звезда е децениски и постои буквално во сите спортови, но никогаш досега не бил толку драстичен како помеѓу кошаркарските колективи, кои со години наназад буквално водат војна и се надмудруваат за секоја работа, па дури и за бројот на продадени сезонски билети.

Црно-белите пред неколку дена објавија дека 11.000 навивачи ги обновиле сезонските билети од минатата сезона пред продажбата воопшто да почне, најавувајќи дека очекуваат бројката да дојде и до 15.000, што е феноменално дури и за далеку побогатите евролигашки екипи. Но, за да не останат покуси, црвено-белите денеска некако тивко, но со намера, пуштија информација дека досега продале 12.000 сезонски билети и дека побарувачката била огромна.

Белградските тимови, кои сите средби сезонава ќе ги играат во „Штарк арената“, летово потрошија невидени милиони на играчкиот пазар и направија тимови со кои лесно би можеле да го нападнат врвот на Евролигата, но тоа не ги спречува речиси секојдневно да си поделат по некој низок удар – буквално како мали деца.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *