Започна најпознатиот музички фестивал на светот. Коачела оваа година се одржува од 14-ти до 16-ти и од 21-ви до 23-ти април, а настапуваат некои од најголемите ѕвезди на денешницата.

Бед Бани стана првиот човек кој пеел на шпански јазик на фестивалот, а освен овој порторикански рапер, од истакнатите изведувачи настапи и поп-групата од Јужна Кореја, „Blackpink“, а фестивалот ќе го затвори Френк Оушн. Ќе настапи и исландската ѕвезда Бјорк, Шпанката Росалија, нигерискиот пејач Бурна Бој и британско-индискиот пејач Џеј Пол.

Освен музичкиот дел од фестивалот, Коачела со годините стана незаобиколно место за инфлуенсерите и американските старлети кои се таму за да бидат видени. На Коачела настануваат и се диктираат нови модни трендови, а фестивалот кој постои од 1999 година денес е најважната модна писта во светот.

Во текот на првиот викенд можеа да се забележат шаренолики модни изданија – од каубојски детали, авангардни комбинации, бели фустани па сè до хипи стил во модерна верзија.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *