Документарна серија за поранешниот фудбалски ас Дејвид Бекам набргу ќе почне да се емитува на „Нетфликс“.Стриминг-платформата во вторникот го објави првиот официјален трејлер.Серијата ги следи подемите и падовите во животот на Бекам – и како глобална спортска ѕвезда и како глава на една од најпознатите славни фамилии.Документарецот, со наслов „Бекам“, има четири дела и говори за глобалната фудбалска ѕвезда и културна икона. Дејвид Бекам е едно од најпознатите имиња на планетата, но малкумина знаат кој е тој навистина, велат од „Нетфликс“.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *