Пожарот што вчера попладне избувна на патот кон градските гробишна во месноста Плуждино кај Штип е локализиран, информираат утрово од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Во интервенцијата на пожарот, велат од ДЗС, не биле користени авиони бидејќи немало услови за тоа.

Во гаснењето на пожарот биле вклучени пожарникари од штипската Територијална противпожарна единица, доброволци од Противпожарното друштво-Штип, а помош беше побарана и од соседните противпожарни единици од Кочани и Свети Николе.

Брзата интервенција на пожарникарите го запре пожарот кој се доближуваше до првите куќи во штипската населба Кадидаре, а кој поради ветерот брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак.

На терен беа 12 доброволци пожарникари со теренски возила.

Според првичните информации, пожарот најверојатно бил предизвикан од удар на гром, при што била зафатена сува трева.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *