Македонија ќе има еден претставник на 27. Европско првенство во атлетика во Бирмингем – маратонецот Дарио Ивановски, кој ќе застане на стартот на една од најтешките дисциплини во атлетиката.

Маратонската трка е закажана за 16 август, со почеток во 8:10 часот по македонско време. На стартот ќе се појават 64 маратонци од Европа, а Ивановски е рангиран на 36. место.

Местото на Европското првенство го обезбеди со резултати кои му ја донесоа потребната норма. Зад себе веќе има и македонски рекорд – во февруари 2024 година на маратонот во Севиља истрча 2 часа, 8 минути и 26 секунди, поставувајќи го националниот рекорд.

10/08/2026

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *