Иако во повеќе градови веќе се спроведуваат активности за заштита од комарци, во Штип и околните населени места граѓаните реагираат дека прскањето сè уште не е целосно реализирано.
Од Општина Штип информираат дека досега е извршено едно ларвицидно прскање, а дека оваа недела треба да се спроведе и второ прскање против комарци сооглед на временските услови.
Сепак, дел од граѓаните сметаат дека активностите се одвиваат со задоцнување, особено затоа што во вечерните часови веќе се забележува зголемена појава на комарци што создава непријатност, па поради ова потребни се поинтензивни мерки за заштита и поефикасна координација, со цел намалување на проблемот со комарци во овој период од годината.
