Изборот за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во 2023 година, влегува во завршна фаза и засега е потврдено  дека Глазгов и Ливерпул остануваат во игра за домаќини.

Би-Би-Си ова го објави по деталната проценка што ја прави од 12 август, кога беше објавено дека Бирмингем, Глазгов, Лидс, Ливерпул, Манчестер, Њукасл и Шефилд се најдоа во потесниот избор за домаќини на натпреварот, пренесува Ројтерс.

Конечната одлука ќе биде донесена за неколку недели по разговорите со претставниците на Глазгов и Ливерпул.

Фил Харолд, претседател на комисијата за избор на градови домаќини под мандат на БиБиСи, им се заблагодари на градовите кандидати што го покажаа ентузијазмот и страста за Евровизија што постои низ Британија.

„Бевме неверојатно импресионирани од квалитетот и креативноста на сите понуди на градот“, рече Харолд.

Тој додаде дека Изборот за песна на Евровизија е многу сложен настан и Ливерпул и Глазгов имаат најсилна севкупна понуда.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *