Времето денеска ќе биде претежно облачно со променлива облачност во поисточните
делови. Од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места во попладневните часови ќе
бидат обилни. На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб
до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од
5 до 12 степени.
Во наредните денови под влијание влажен бран преку ноќта од запад ќе се прошират
врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни денеска, како и утре претпладне (локално над 30
л/м2).
Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и постудено време со
локални врнежи.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *