Фудбалерите на Брегалница повеќе од заслужено дојдоа до првата победа во новата сезона, откако во рамките на првото коло од ПМФЛ славеа со 1:2 на гостувањето кај Академија Пандев во Струмица.Брегалница беше подобриот противник во првите 45 минути, но не успеаја да ги искористат шансите, што Академија Пандев знаеше да го казни со гол во 16-та минута преку Јоковиќ. Во вториот дел Брегалница постигна  два гола во период од 58 до 62 минута, еврогол запиша Дарко  Додев за 1-1, а пресвртот го потврди Ристевски четири минути подоцна со што Брегалница дојде до триумф на стадионот „Благој Истатов“.дали конечно оваа 31-ва сезона во ПМФЛ во историјата на Македонија е сезоната на Брегалница ќе покаже времето.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *