Биографскиот филм за Мајкл Џексон, ќе има премиера во 2025-та. Во САД е во тек снимањето на биографскиот филм Michael за кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон, а главната улога ја игра неговиот внук, Џафар Џексон. Е копија на својот славен вујко – од физичкиот изглед, до движењата кои тој целосно ги имитира во филмот. Биографскиот филм ќе ја раскаже приказната за четири-децениската кариера на Мајкл, Преку деновите на најголемата слава, па сè до неговите последни снимени песни.

Џексон почина на 50-годишна возраст во 2009 година, од случајна предозираност од препишани лекови. Филмот, чие снимање е во тек, ќе ја има својата премиера на 18 април 2025.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *