Новак Ѓоковиќ продолжи да напредува на Австралија Опен каде многу полесно од очекувањата ја мина осминафиналната пречка во името на домашниот фаворит Алекс Де Минор. Ноле „како од шега“ се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен кој во три сета го надигра локалниот тенисер Алекс Де Минор, а дуелот траеше само околу два часа.Резултатот беше 6:2, 6:1, 6:2. Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе му биде рускиот тенисер Андреј Рубљев, кој по пет сета и супер тај-брејк го совлада Данецот Холгер Руне.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *