Иконската шведска поп група АББА повторно ќе го издаде легендарниот албум „Ватерло“ по повод 50-годишнината.

Со истоимената песна, која се најде на споменатиот албум, АББА ја претставувааше Шведска на Евровизија, каде што победија во 1974 година во британскиот град Брајтон.

Повторното издавање на албумот беше најавено за 5 април, а фановите ќе бидат задоволни од веста дека групата ќе настапи на 4 април на покривот на лондонската арена „О2“ по повод годишнината од албумот.

-Тука е! Сега можете однапред да го нарачате 2LP 45 RPM Anniversari Edition ‘Waterloo’, 10″ винил, 7″ дискови со слики, работи и повеќе“, стои во описот на објавата на официјалната страница на бендот на Инстаграм.

Обожавателите реагираа со ентузијазам на оваа вест, а објавата беше преплавена со срца во коментарите под објавата.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *