Јагодите со шлаг и шампањското се синоним за најстариот тениски турнир на светот, Вимблдон.
Кардиналот Томас Волси, еден од високите судски службеници за време на владеењето на династијата Тудор, ги вовел јагодите со шлаг како елитен десерт во 16 век.

Овој деликатес отсекогаш бил многу популарен во Лондон, а денес е еден вид „обврска“ на Вимблдон, тенискиот турнир кој првпат се играл во јули 1877 година, а јагодите се нашле на менито уште тогаш. Јагодите се на Вимблдон 144 години, а просечно за двете недели кога трае турнирот се јадат околу 140.000 порции јагоди со шлаг, (околу 28 тони јагоди).

Јагодите за Вимблдон доаѓаат од посебна плантажа во грофовијата Кент, фармата „Хју Лоу“, која го снабдува турнирот со ова овошје речиси 30 години. Со фармата сега раководи Мерион Реган, откако ја наследила од татко ѝ Хју Лоу. Јагодите за Вимблдон се секогаш свежи и секогаш се берат еден ден претходно. Остануваат до утрото и се пренесуваат во Лондон пред да се раздени, точно во 5:30 часот.

Во 2019 година, гледачите плаќале 2,5 фунти за порција со десетина јагоди.

Јагодите се на менито од 1877 година, а познатото шампањско што се пие на Вимблдон пристигнало точно 100 години подоцна, во 1977 година. Тоа е шампањското „Лансон“. Околу 29.000 шишиња од ова познато шампањско се пијат на секој Вимблдон.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *