Ѕвездата на регетон музиката, авторот на „Gasolina“ и „Despacitо“, Деди Јенки, одлучил да се посвети на религијата.Ова им го откри на своите фанови на последниот ден од неговата проштална светска турнеја „La Última Vuelta“ во неговата родна земја Порторико.
„Едно поглавје е завршено, започнува ново“, изјавил 46-годишниот музичар, чие вистинско име е Рамон Ајала, и објаснил дека ќе ги користи своите вештини и „алатки“ како музиката и микрофонот, социјалните мрежи и платформите за да зборува за верата, за Исус и да ја шири неговата порака кон светот.
Пејачот објаснил дека тешко ја пронаоѓал среќата иако освојувал награди и „го имал светот пред неговите нозе“.Во својата 20-годишна кариера, Деди Јенки доби 5 „Latin Grammy“ и многу други награди – неговиот пат до славата започна во 2004 година со „Gasolina“ и имаше голем број хитови. Неговиот најголем хит беше „Despacito“