Новак Ѓоковиќ во интервју за спортски Спортал, зборуваше за актуелни теми, пред се за предизвиците до крајот на сезоната, односно Мастерсот во Париз и завршниот турнир во Торино како и за тоа што го очекува идната година и тоа што му се случуваше во Австралија кога беше депортиран од властите во Мелбурн.

“Се чувствувам добро. Овие две последни натпреварувања, во Астана и Тел Авив, и освоените титули ми ја подигнаа самодовербата и мотивацијата. Тоа е некако природно и нормално: кога победуваш, тогаш сакаш да играш повеќе и да ја продолжиш таа серија, па се надевам дека ќе можам да ја завршам сезоната на најдобар можен начин бидејќи оваа година беше многу необична, различна и доста предизвикувачка ментално и емоционално за мене“, вели Ѓоковиќ.

Неизбежна тема беа случувањата на почетокот од годината кога Новак доби забрана за настап на Австралија опен и потоа беше депортиран од земјата. Новак со депортицијата доби тригодишна забрана за влез во земјата, но со промената на владата постојат шанси таа да се укине и тенисерот да настапи на првиот гренд слем турнир идната година.

„Имаме некои добри најави, но сето тоа е неофицијално. Комуницираме преку моите адвокати во Австралија, односно тие комуницираат со властите и владините организации кои се одговорни за мојот случај. Се надевам на некаков одговор, без разлика може да биде.Секако, се надевам дека ќе добијам одговор во следните неколку недели, што ќе ми овозможи адекватно да се подготвам за почетокот на сезоната, доколку тој е веќе во Австралија.

Тоа што се случи на почетокот на годината остави трага на мојата психа, посебно во првите шест месеци. Се обидував да се справам со тоа на одреден начин и мислев дека сум го надминал тоа, но не беше така. Сепак, морав со настапи на турнири да се ослободам од она чувство кое остана негативно и да се вратам во формата што ја посакував. Така и се случи, само требаше малку повеќе време.

Многу маски паднаа во тој процес и за мене е многу интересно да набљудувам како некој се однесуваше кон мене во текот на годината“, рече Ѓоковиќ.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *