Дали ви се верува дека поминаа две децении од 2003 година? Можеби кога ја гледате само годината, не е тешко за верување.Но, сигурни сме дека ќе бидете изненадени кога ќе сфатите кои настани се случиле пред цели 20 години. Во 2003 година, Македонија не учествуваше на Евровизија. Но, истата година се одлучи дека Тоше Проески ќе нè претставува во 2004-та. Ова е годината и кога Тоше победи на првото издание на Беовизија со песната „Чија си“.Но, иако не бевме на Евровизија, 2003-та беше доста „плодна“ за македонската музичка сцена.

Каролина го издаде третиот студиски албум – „Знаеш колку вредам“, а Калиопи, пак, ја објави песната „Не ми го земај времето“ – хит што си го потпевнуваме до денес. Истата година, Елена Ристеска го издаде својот деби албум „Ден и ноќ“.

Ова е периодот и кога на телевизија се емитуваа некои до најдобрите македонски серии, како „Наше маало“.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *