Вечерва во Штип во салата на Еконсмоски факултет при УГД ќе се одржи манифестацијата Избор на најдобри спортисти за 2023 година.

Комисијата за избор на спортист досега заседаваше во неколку наврати и се одбрани спортисти во различни категории и тоа во пионери, кадети, младинци и сениори и најдобар спортист во машка и женска конкуренција.  Од оваа година за првпат се воведува и категорија за најдобар ветеран кој во своите спортски дициплини оставил белег во развојот на спортот истакна Дејан Здравков претседател на комисија за спорт.

Според Здравков годинава се пријавлие повеќе од 150 спортисти од 15 спортски клубови а ќе бидат доделни 75 признанија, награди и плакети во различни дициплини.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *