Голем успех за Македонија — Марио Ванчоски освои сребрен медал на 57. Меѓународна хемиска олимпијада (IChO 2025), што се одржа во Дубаи, со учество на 354 ученици од 90 земји.

Марио исто така блесна со трет најдобар резултат во експерименталниот дел од натпреварот, потврдувајќи го својот талент и посветеност.

„Повторно горди на Марио Ванчоски! Марио освои сребро на Меѓународната 57 хемиска олимпијада (IChO 2025) што се одржа во Дубаи. Македонскиот тим се натпреваруваше со 354 ученици од 90 држави од целиот свет, а Марио беше со трет најдобар резултат во експерименталниот дел.
Чекори гордо и среќно по патеката послана со високи достигнувања Марио, ние СОУ Гимназија “Славчо Стојменски” Штип, ќе го следеме и ќе му се радуваме на секој твој успех, горди како Македонци, штипјани, а најмногу како твои професори, среќни што беше наш ученик“ истакнаа од училиштето




14/07/2025

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *