Церемонијата на доделување на „Оскарите“ отсекогаш важела за посебна ноќ за сите што се занимаваат со филм и се љубители на кинематографијата. Оваа година, на 12 март,  95. издание на „Оскарите“ во театарот „Долби“ во Лос Анџелес може да биде запаметено по многу нешта.

Имено, би можеле да бидат соборени шест рекорди во историјата на оваа церемонија.

Најстарата и најмладата личност во историјата на „Оскарите“

Доколку композиторот Џон Вилијамс добие „Оскар“ за музиката во филмот „Фабелманови“, тогаш тој ќе биде најстарата личност во историјата на „Оскарите“ што ќе добие златна статуетка и ќе ги престигне костимографот Џејмс Ајвори и Ен Рот, кои имале 89 години кога добиле „Оскар“.

Спилберг, кој на 76-годишна возраст го режира „Фабелманови“, би можел да го престигне Клинт Иствуд како најстар режисер добитник на „Оскар“. Иствуд имаше 74 години кога доби „Оскар“ за филмот „Девојка од милион долари“.

27-годишниот актер Пол Мескал може да биде најмладиот актер со „Оскар“, доколку победи во категоријата најдобар актер во главна улога. Адриен Броди доби „Оскар“ за улогата во филмот „Пијанистот“ кога имаше 29 години.

Први номинации за Марвеловиот универзум

Оваа година филмовите на „Марвел“ беа номинирани во четири категории, што само по себе е успех за универзумот на Марвел.

Ако Анџела Басет добие „Оскар“ за најдобра споредна женска улога за „Црниот пантер: Ваканда засекогаш“, таа ќе биде првата актерка од Марвел што ќе добие „Оскар“.

Филмот „Сѐ во исто време“ е еден од оние што добија најмногу номинации за „Оскар“, а ова остварување ќе остане запаметено по тоа што првпат во историјата Азијка беше номинирана во категоријата најдобра актерка.

Доколку добие „Оскар“ за главна улога, Мишел Јео ќе биде првата азиска актерка што ќе добие „Оскар“.

Продолжението „Топ ган: Маверик“, кое беше направено по речиси 30 години од оригиналот, е исто така успех сам по себе. Доколку освои „Оскар“, би бил единствениот филм чиј прв дел не бил номиниран за „Оскар“, а освоил престижна награда.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *