Шакира е повторно во неволја. Шпански судија се согласил со државните обвинители да истражат два можни случаја на даночно затајување додека ѝ претстои судење поради неплатен данок.Новата истрага е поради сомневање дека пејачката направила уште две даночни измами во 2018 година.Колумбиската суперѕвезда се соочува со истрага покрај другите тужби во Шпанија за кои е предвидена затворска казна од осум години и глоба од 27 милиони долари.На Шакира треба да ѝ се суди на крајот на годината затоа што наводно не платила данок од 14,5 милиони евра на приход остварен од 2012 до 2014 година.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *