Српскиот актер откри дека сумата што ќе му ја плати HBO ќе ја донира во хуманитарни цели, за да им помогне на младите да се образуваат и професионално да се усовршат, пишува Blic.rs.
“Како што веќе реков, за мене беше извонредна чест да бидам поканет да работам со Мајк Вајт во ваква серија. Мотивот да учествувам во ваков проект беше чисто актерски и уметнички предизвик. Бидејќи нема да се реализира , хонорарот што би го заработил го сакам директно за оние кои утре ќе нѐ претставуваат во светот“, изјави тој за српските медиуми.
Потсетуваме, одлуката Милош Биковиќ да не глуми во Белиот лотос е донесена откако Министерството за надворешни работи на Украина јавно се пожалило на HBO со српскиот актер.
„Ми беше чест да бидам избран за „Белиот лотос“, ТВ серија која ја ценам и во која глумат моите колеги кои длабоко ги почитувам. Сепак, моето учество не е можно од причини надвор од областа на уметноста и нема да се придржувам до никаков наратив кој сака да го загрози мојот интегритет“, рече Биковиќ, кој има и руско државјанство.