Филмскиот фестивал во Пезаро, Италија годинава му одаде специјална почест на режисерот Милчо Манчевски, кому му ја додели престижаната награда „Пезаро Нова кинематографија 62 за достигнувања во светската кинематографија“. На фестивалот беа одбележани 25 години од „Прашина“, италијанска премиера имаше „Бикини Мун“, а беше промовирана и нова книга за творештвото на Манчевски, кој е почесен гостин.

„Филмот е уметност на вајање на времето, а никој не го прави тоа како Милчо Манчевски“, ја најави фестивалот во Пезаро програмата посветена на Манчевски што ќе се одвива од 17-19 јуни.

На 62. издание на фестивалот, кој е втор најстар во Италија и еден од најпрестижните во Европа, поместени се повеќе настани посветени на неговото творештво. Централно место во програмата има проекцијата на реставрирана копија во 4К филмот „Прашина“ („Dust“), по повод 25 години од светската премиера. Филмот, кој го отвори Венецискиот филмски фестивал во 2001 година, се смета за едно од најзначајните дела во современата европска кинематографија, а кога се појави предизвика жестоки дебати поради совпаѓањето со војната во Македонија во 2001. Со оваа проекција , Пезаро ја одбележува трајната вредност и влијание на авторскиот опус на Манчевски. Дигиталната реставрација на 4К ја организира и ја финансираше Аугустус колор од Рим, без учество на македонските институции.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *