Најстудено изутрина е на Попова Шапка каде во седум часот се измерени минус шест степени и има снежна покривка од 83 сантиметри. Снежна покривка има и во Маврови Анови, 20 сантиметри, Лазарополе 10, Крушево и Берово седум, Крива Паланка и Ѓуриште четири, сантиметар, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег. Утре (сабота) ќе преовладува променливо облачно и студено време, наместа со провејување на снег. Температурата ќе се движи од -3 до 2 степени. Според метеоролошките прогнози недела ќе биде ден со периоди на сонце и облаци, и максимални 4 степени.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *