Институтот за јавно здравје повикува на внимателност, особено за повозрасните и хронично болните.

Македонија влегува во период на пеколни горештини – температурите од утре до средината на следната недела ќе бидат над 30, а локално и над 40 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излезе со препораки за заштита, особено за постарите лица и хронично болните. Се препорачува избегнување директна изложеност на сонце од 11 до 17 часот, носење лесна облека, капа и очила за сонце, користење крем со УВ фактор над 30 и зголемен внес на течности – без чекање на чувство на жед. Алкохолот, кофеинските пијалаци и екстремно ладните пијалаци се строго непожелни, а оние со ограничен внес на течности треба да се консултираат со својот матичен лекар.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *