Џенифер Лопез на 16 февруари ќе го објави својот долгоочекуван албум, прв по десет години, а како што објави Entertainment Tonight, ова можеби е последниот албум на латино дивата.

This Is Me… Сега се вика нејзиниот проект инспириран од љубовта со Бен Афлек, а заедно со албумот ќе излезе и филм.

„Вистината е дека навистина не знам дали некогаш ќе издадам албум по овој. Ова би можело да биде последниот“, рече Џеј Ло.

Многу фанови останаа загрижени по оваа изјава, но се свесни и за фактот дека новиот проект се чека веќе една деценија, па никогаш не се знае кога е оваа латино дива во прашање.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *