Утре на 11 февруари во О2 арената во Лондон ќе се одржат Британските музички награди а Хари Стајлс има најмногу номинации годинава. За најголемата нгарда во Европа „Најдобар изведувач“ ќе се борат Стормзи, Централ Си, Фред Аген, Џорџ Езра и Хари Стајлс. Британските награди нареченни „Брит Авордс“, се годишни награди за поп-музика на британската фонографска индустрија. Покрај британските награди за поп-музика, секој Мај се одржува исто таква свеченост за класична музика наречена Класични британски награди. Роби Вилијамс го носи рекордот за добиени награди ( вкупно 15). Доделувањето на наградите започнало во 1977 година
![](https://angelsfm.mk/wp-content/uploads/2023/02/brit-awards-2023-nominations-harry-styles-wet-leg-fred-again-blackpink-taylor-swift-stormzy-dua-lipa.jpg)