Американската пејачка Тејлор Свифт од концертната турнеја заработува повеќе од 13 милиони долари на ноќ и е на пат да стане концерт со најголема заработка во музичката историја.Најголем дел од парите одат за организациски трошоци.Свифт е на пат да заработи повеќе од 1 милијарда долари, праг што ниеден уметник никогаш не го достигнал.Според индустриското издание Полстар, во текот на 22-те дена од турнејата, таа заработила 300 милиони долари. Планирани се 50 настапи во САД, а потоа продолжува шестата концертна турнеја на кантавторката во странство.Полстар проценува дека вкупната заработка од турнејата може да надмине 1,3 милијарди долари.Просечниот билет за концерт на Тејлор Свифт чини 254 долари.
