Поп-ѕвездата Тејлор Свифт синоќа премиерно го прикажа својот концертен филм Eras Tour пред фановите и славните личности набргу по најавата дека филмот ќе биде прикажан еден ден порано поради големата побарувачка на билети.
„Тејлор Свифт: Турнејата Ерас“ (Taylor Swift: The Eras Tour) требаше да дебитира во кината во светот в петок, но големиот интерес ја натера Свифт да организира претходни проекции во некои земји.
„Погледнете што ме натеравте да направам: поради невидена побарувачка, отвораме ран пристап до концертниот филм The Eras Tour, со ран пристап в четврток во Америка и Канада!!“ напиша Свифт на социјалните мрежи.
Дополнителни термини за прикажување исто така беа додадени за викендот, напиша таа.
Во средата вечерта Свифт зачекори на црвениот тепих во бледосин фустан без прерамки за светската премиера на филмот. Таа позира за селфи со фановите, кои добија место во една од тринаесетте киносали на Еј-ем-си во трговскиот центар на отворено во Лос Анџелес.