Една од најголемите светски ѕвезди на денешницата, Тејлор Свифт, исто така се најде на листата на американското списание „Билборд“ за најдобри изведувачи на сите времиња, ни помалку ни повеќе од високата осма позиција.

Битлси се на прво место на списокот на „Билборд“, а потоа следат Ролинг Стоунс, Елтон Џон, Мараја Кери, Мадона, Барбра Стрејсенд и Мајкл Џексон.

Зад Тејлор Свифт, која има само 33 години, во топ 10 се најдоа Стиви Вондер и Чикаго.

Во првите 20 на сите времиња се и Витни Хјустон, Пол Макартни, Елвис Присли, Џенет Џексон, Род Стјуарт, Дрејк, Принс, Ријана, како и Били Џоел и Гарт Брукс.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *