„Бунтовник со виолончело“ (Rebel with a Chello) е првата самостојна турнеја на познатиот хрватски музичар, а досега ги освои Прага, Будимпешта, Ереван, Бар, Атина, Лимасол, Бордо, Барселона, Мадрид, Лисабон, Дижон и Цирих. Од секој концерт доаѓаат исти кадри – преполни сали и публика што е воодушевена од настапот на виолончелистот. Хаусер ја продолжува турнејата на Стариот континент, а следни на ред се Рим, Милано, Фиренца, Јесоло. На 25 октомври ќе дојде во загрепската арена, каде што локалната публика ќе може да ужива во аудиовизуелно шоу.
Славниот виолончелист, кој стана познат како дел од дуото 2 Cellos („Ту челос“), постојано објавува интересни видеа на социјалните мрежи.