Вчеравечер полната месечина не остави никој рамнодушен во Македонија. Се гледаше буквално од секој агол. Интересни фотографии можевме да забележиме по социјалните мрежи, оваа појава се случува кога целиот диск на Месечината е осветлен и кога таа е најблиску до Земјата, во истовреме. Последната од четирите супермесечини за оваа година ќе биде тн. „Месечината на жетвата“ на 28 септември. Последната сина месечина беше во август 2012 година, а следната ќе биде во 2026 година.