Објавени се номинациите за најнепосакуваната филмска награда, „Златна малина“, а и годинава се најдоа големи холивудски имиња на оваа листа. „Златните малини“, кои се одржуваат по 44. пат, се едни од оние награди што никој не сака да ги освои, а камоли да биде номиниран во која било категорија.
Досега, апсолутен рекордер е Силвестер Сталоне, кој имаше дури 16 номинации за најлош актер. Овој пат, тој е номиниран за најлош спореден актер, за филмот „Expend4bles“. Ова остварување, всушност, има и најмногу номинации за најлош филм. Четвртиот дел од акциската франшиза со дури седум филма. На второто место, со по пет номинации, се „The Exorcist: Believer“ (Егзорцист: верник), оживување на познатата хорор-серија и „Winnie the Pooh: Blood and Honey“ (Вини Пу: крв и мед), хорор-адаптација на популарната детска приказна.
Со четири номинации се два суперхеројски спектакла – „Shazam! Fury of the Gods“ (Шазм!: гневот на боговите) и „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“ (Антмен и Оса: Квантуманија).