Скопскиот саем на книга 2026 со мотото „Отвори прозорец кон нови светови” започнува во четврток, 23 април, во Арената „Борис Трајковски”. Во седум дена, повеќе од 60 издавачки куќи ќе претстават над 130 наслови и автори, меѓу кои и гости од Чешка, Холандија, Исланд, Италија и САД.

Свеченото отворање е закажано за четврток, 23 април, од 13 до 14 часот во Промотивниот центар.

Во петокот, 24 април, МАИ свечено ги доделува наградите за 2026 година, а панел дискусија со учесниците на Фелоушип-програмата е закажана за 16 часот.

Во сабота, 25 април, во Промотивниот центар се одржува авторска средба со чешкиот писател Јиржи Хајичек, специјален гостин на издавачката куќа „Славика либрис”. Хајичек е еден од неколкуте странски автори кои оваа година гостуваат на издавачките штандови: на „Арс Ламина” се очекува американската авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, преку „Сакам книги” пристигнува италијанката Виола Ардоне, чијашто книга „Возот за деца” доби Netflix адаптација, на штандот на ТРИ гостува холандскиот автор Хајс Вилбринк, а кај Антолог е најавена исландската авторка на трилери Ирса.

новинар Никола.А

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *