Филмот „Oppenheimer“, чија премиера беше на 21 јули, според официјалните проценки на „Јуниверсал пикчрс“ („Universal Pictueс“), досега има заработено повеќе од 500 милиони долари ширум светот, истот ден кога филмот „Barbie“ достигна неверојатни 1 милијарда приход, пишува „Си-ен-ен“.

Бројката од заработени 552,9 милиони долари, ремек-делото на Кристофер Нолан, го прави филм за Втората светска војна со најголема заработка досега. На второ и трето место се филмовите „Dunkirk “ и „Saving Private Ryan“.

Исто така, се истакнува дека ова е филм со најголема заработка на годината со оцена „Р“, што значи дека луѓето помлади од 17 години не треба да го гледаат.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *