Култниот бенд Ролинг Стоунс на 06 септември го објавија нивниот прв албум со авторска музика по 18 години „Хакни Дајмондс“. На промоцијата во Лондон ја објавија првата песна од албумот именувана како „Angry“ а соопштија дека албумот ќе биде достапен за јавноста на 20 октомври.

Неуништливите Стоунси – Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд во живо преку каналот Јутјуб преку разговор со американскиот комичар и ТВ водител Џими Фалон го пртставија нивниот долгоочекуван албум, прв со авторски материјал од 2015 година и прв во кариерата без покојниот тапанар Чарли Вотс.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *