Бројот на загинати во катастрофалните поплави што ја погодија Словенија  се зголеми на шест, откако беа пронајдени телата на маж кој работеше на поправка на штетите и уште едно тело во надојдената река Теменица, јавува СТА.

Во текот на претходната ноќ, пожарникарите интервенирале за отстранување на последиците од поплавите во 57 случаи, најмногу во Помурје и Корушка.

Одредени области се уште се поплавени, многу патишта се уште се затворени, а надлежните служби предупредуваат дека со повлекување на водата, ризикот од одрони на тие места ќе се зголемува.

Во Хрватска, меѓумурјани поминаа уште една непроспиена ноќ, најкритично е во Мурско Средишче, а проблеми има и во Свети Марин на Мура, каде итните служби се обидуваат да го спречат протокот на вода во куќите, бидејќи Мура повторно достигна рекорден водостој, а Драва имаше голем проток на вода од Словенија и Австрија, пишува Хина.

„Денес повторно се срушени рекордите на Мура бидејќи сегашниот водостој на реката Мура кај Мурски Средишче е 543 сантиметри. Тоа е најзабележано“, изјави градоначалникот на Меѓумурската жупанија Матија Посавец за Хрватско радио и додаде дека ја следеле и состојбата на реката Драва, која имала голем доток на вода од Австрија и Словенија и висок водостој цел ден.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *