Регионалниот фестивалски гигант EXIT повторно го освојува летото! Најголемиот музички собир во југоисточна Европа од 6 до 9 јули ја претставува една од најсилните програми во својата историја. на повеќе од 40 фестивалски бини и зониширум Петроварадинска тврдина ќе слетаат најпознатите музички имиња. Од самите почетоци, душата на EXIT фестивалот се и неговите помали бини. Фестивалските посетители токму на нив се собираат за да ги чујат специфичните жанрови или да најдат свое омилено место за уживање.Основана пред точно 23 години Exit двапати ја освои наградата за најдобар главен фестивал во Европа.

На Главната бина на EXIT оваа година пристигнуваат предводниците на најбараната турнеја на светот The Prodigy, но и најголемата хип-хоп група на сите времиња Wu-Tang Clan, кои со својот настап ќе ја одбележат големата прослава за 50 години хип-хоп.Покрај овој легендарен рап состав доаѓаат и ветераните на хардкор хип-хопот, Onyx! Ним им се придружуваат носителите на електронскиот звук, Греми рекордерот Skrillex, Alesso, Dimitri Vegas & Like Mike, LF System, Claptone, драмендбејс легендите Chase & Status, глобалните хитмејкери Mahmut Orhan и Burak Yeter, како и Charlie Tee, Gardna и Lady Lee.За поалтернативниот звук задолжени се Sofi Tukker, Viagra Boys, Epica и Jenner. Главната бина во еден момент ќе ја преземе all female програмата, која ја претставуваат Senidah, Mimi Mercedez, Sajsi MC и Kejt.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *