Штипјанката Благица Зикова вчера на свет донесе три момчиња и едно девојче на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Бременоста на родилката ја следела докторката Елена Ели Николовска, која го извршила и породувањето.

Бебињата на брачнaта двојка Благица и Александар Зикови се родени во 31-недела од бременоста и се во добра здравствена состојба.

Оваа четворка е втора по 27 години во Штип. Првата родена четворка била во 1997 година.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *