По 25 години Џони Деп ќе ја земе режисерската палка во свои раце  и планира да застане на чело на тимот на биографски филм за познат сликар.

Заедно со Ал Пачино ќе снима филм за познатиот италијански сликар и скулптор Амедео Модиљани.

Деп , исто така, и ќе го продуцира филмот за уметникот кој починал осиромашен во 1920 година на млада возраст, но стана познат по своите ремек-дела на актови со издолжени лица и екстремитети.

Филмот всушност е адаптација на драмата „Модиљани“ на Денис Мекинтајр од 1979 година, чие дејствие е сместено во 1916 година за време на кризен период од животот на уметникот.

Вториот обид на Деп како режисер доаѓа 25 години по неговиот вестерн The Brave („Храбриот“) од 1995 година, во кој глумеше заедно со Марлон Брандо.

Според „Холивуд репортер“, Деп го ангажирал својот пријател Ал Пачино, откако ѕвездата на „Кум“ не успеа да издејствува биографски филм за Модиљани во режија на Мартин Скорсезе во 1980-тите.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *