Малме со засилени безбедносните мерки одбројува до почетокот на Евровизија, бидејќи е најавено дека паралелно со големиот музички настан ќе се одржат и демонстрации. Полицијата и организаторите кажаа дека се добро подготвени и се надеваат на „радосен настан“. Малме, третиот по големина град во Шведска, со 350.000 жители, се подготвува за еден од најголемите безбедносни предизвици во историјата на земјата, додека некои бараат исфрлање на Израел од настанот поради војната во Газа. Шведската полиција ќе добие помош од Данска и Норвешка и се очекува да носи поголеми оружја како мерка на претпазливост. Се очекува повеќе од 100.000 посетители да дојдат во Малме за време на Евровизија. Полуфиналните вечери се во вторник и в четврток, додека финалето е на 11 мај.