Концертот „Гитар арт“ денеска собра 1.000 гитаристи на плоштадот Република во Белград, кои поставија национален рекорд во присуство на инструменталисти кои свират на гитара и слични инструменти на едно место во Србија, пренесе „Танјуг“.

Концертот „1000 гитари“ ги привлече најмладите гитаристи и нивните учители во центарот на Белград, а заедно свиреа и цели семејства составени од три генерации: дедо, татко и син.

Присутните уживаа во концертот на Белградскиот блуз квартет и нивните гости – Дејан Цукиќ, „Ју група“, Кики Лесендриќ и „Пилоти“, Срѓан Гојковиќ – Гиле, Бојана Стаменов, Никола Чутурило – Чутура.

За неколку минути, неколку илјади љубопитни луѓе се собраа на плоштадот за да уживаат во првокласен музички настан.

Насобраните играа, се смееја и најмногу прашуваа од каде вакво нешто во центарот на Белград

Свиреа гитаристи и гости на концертот, а публиката слушаше: „Smoke on the Water“ („Дип парпл“), „Satisfaction“ („Ролинг стоунс“), „Highway to Hell“ („Е-си/ди-си“) „Get back“ („Битлси“) итн.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *