Познатите личности, меѓу кои и британската поп-ѕвезда Ед Ширан и кошаркарската легенда Шекил О’Нил, се согласија да понудат некои од нивните лични предмети на онлајн продажба како поддршка на Светската здравствена организација во Украина.

Собраните средства ќе бидат искористени за поддршка на активностите на СЗО во Украина и соседните земји, се наведува во соопштението на фондацијата и се надева дека ќе бидат собрани 53,7 милиони долари.

Покрај Ед Ширан и Шекил О’Нил, оваа акција ја поддржуваат и други уметници и спортисти, меѓу кои британската пејачка Ели Гулдинг, поп-ѕвездата Хари Стајлс, уметникот Шепард Фери, како и боксерскиот шампион Владимир Кличко, чиј постар брат Виталиј е градоначалник на Киев.

СЗО има регистрирано 550 напади врз здравствените системи во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *