Ноќта меѓу сабота и недела на 31-ви март 2024 година ќе започне летното сметање на времето, кога часовниците треба да се поместат еден час нанапред. Врз основа на Законот за пресметување на времето.времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот наутро. Летното сметање на времето ќе трае до последниот викенд во октомври (до 27 октомври кога започнува зимското сметање. Практиката на поместување на часовникот првпат ја воведоа Германците во 1916 година, а потоа и Велика Британија и САД. Во моментов, повеќето земји во Европа и речиси цела Северна Америка го менуваат часовникот двапати годишно.