Петицијата, која беше покрената на 27 јули против пејачот Дино Мерлин, е избришана од веб-страницата Peticije.online.Споменатата петиција ја потпишале речиси 60.000 луѓе, а креаторите на петицијата ги навеле и причините за нејзиното бришење.
Беа покренати две петиции, а сега и двете се избришани.
Три се распродадени, а и за четвртиот се очекува во секој момент да биде објавено дека и тој е пополнет.
Како што потврди директорот на Штарк арена, Горан Грбовиќ, капацитетот на Штарк арена кога се во прашање концертите е околу 15.000 плус ВИП ложи, во кои максимално може да се сместат 17.000 луѓе.
Кога тој максимален број од 17.000 ќе се помножи со 4 концерти, се доаѓа до бројката од 68.000 луѓе.
За забрана за влез на Дино Мерлин во Србија е отворена и онлајн петиција која ја потпишаа 59.469 лица, пишуваат локалните медиуми.
Да потсетиме, Мерлин закажа концерти за 18, 19, 21 и 22 ноември, од кои три се распродадени, а и за четвртиот се очекува да биде пополнет во рекордно време.
Инаку, закупот на Штарк арена чини 25.000 евра, пренесува српски „Телеграф“, што значи дека Мерлин само за тоа има фиксен трошок од 100.000 евра. Сите бројки се однесуваат на 4 концерти, бидејќи евентуалниот петти или шести сѐ уште не се официјално закажани.