По одиграни шест натпревари овој викенд следува пауза во првата Македонска фудбалска лига поради квалификацискиот натпревар на нашиот национален тим кој во сабота ќе ја пречека репрезентацијата на Италија. Штипска Брегалница слободните денови ги користи за дополнителни подготовки во Пехчево. Шефот на Стручниот штаб, Горан Здравков истакнува дека сите фудбалери кои имаа повреди, сега состојбата е подобрена и сите ќе бидат во комбинација за составот на екипата за средбата со Струга.Инаку Брегалница во сабота ќе има и контролна средба со САСА во Макеоднска Каменица во 13 часот. Штипска Брегалница на официјалната табела во ПМФЛ се наога на петтата позиција со 9 бода а наредниот натопревар го игра на 17 септември каде што на домашен терен ќе ја пречека екипата на Струга.