Аукциската куќа „Хенри Олдриџ и син“ од Велика Британија неодамна продаде палто на Елвис Присли на аукција за повеќе од 163.000 долари, пишува „Би-би-си“.

Акционерот Хенри Олдриџ ја процени вредноста на палтото пред аукцијата на 17.000 евра, а палтото го купи колекционер од Америка.

Палтото на „кралот на рокенролот“ било специјално сошиено за него – долго е 120 сантиметри и е направено од кожа и визон.

Присли го носел ова палто во последните години од животот, по што му го подарил на братот на неговата вереница Џинџер Олден. На палтото е прикачено писмо кое ја потврдува автентичноста на палтото, напишано од Розмари Олден, сестрата на Џинџер Олден.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *