Со температури од -71,2°C , градот Ојмјакон, источно од руски Сибир, се смета за најстудено населено место на планетата. Во градот, каде што живеат околу 500 луѓе, зимата трае девет месеци, а сончевата светлина трае само неколку часа на ден.

Во текот на летото температурите на кратки периоди достигнуваат и до 35 степени. Граѓаните се добро снабдени со топлинска енергија благодарение на градската топлана на јаглен и поминуваат не повеќе од 20 минути надвор и обично се менуваат ако треба да работат надвор. Нивната исхрана главно се базира на замрзнати животни како риба, зајак или ирваси.

Сезоната за садење и одгледување на каков било зеленчук е прилично краткотрајна, па наместо со зеленчук и овошје, луѓето кои живеат во Ојмјакон претежно се хранат со риба, месо од ирваси или коњи или, пак, млеко кое го молзат од животните кои ги чуваат на своите фарми. И покрај недостатокот на витамините кои ги има во овошјето и зеленчукот, овие луѓе немаат никакви проблеми со исхраната.

Во Ојмјакон можете да видите многу уникатни куќи и нивни импровизации. Во моментов таму живеат околу 500 луѓе кои ги набавуваат потребните намирници од една и единствена продавница во селото. Исто така, таму има и само една бензинска станица.

Единствените парчиња облека кои можат да ве стоплат на премногу ниските температури во Ојмјакон се крзнените бунди и чизмите од ирвас кои чинат и до 300 евра.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *