Јули 2023 година треба да ги надмине сите претходни температурни рекорди, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, откако научниците посочија дека тековниот месец е на пат да биде најтопол месец откако се водат официјални записи.

Светската метеоролошка организација на Обединетите нации (СМО) и Службата за климатски промени Коперник на Европската унија, исто така, во заедничка изјава наведоа дека е „исклучително веројатно“ јули 2023 година да ги собори сите досегашни температурни рекорди, пишува Ројтерс.

„Не треба да чекаме до крајот на месецот за да дознаеме. И покрај „мини-леденото доба“ во наредните денови, јули 2023 година ќе собори рекорди ширум светот“, рече Гутереш во Њујорк.

„Климатските промени се тука и се страшни. И тоа е само почеток“, им рече Гутереш на новинарите, додавајќи дека „дојде ерата на глобално вриење“.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *